Столтенберг кандидат за гувернер на норвешката централна банка

by Fokus

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, чиј мандат истекува во 2022 година, е кандидат за гувернер на Централната банка на Норвешка, соопшти денеска норвешкото Министерство за финансии.

Столтенберг, поранешен премиер и министер за финансии, има диплома по економија и се наоѓа на листата од 22 кандидата за гувернер.

– Министерството за финансии ме контактираше во ноември да ме праша дали би размислил да аплицирам за позицијата. Го направив тоа бидејќи многу ме мотивира, истакна Столтенберг (62), чиј мандат како генерален секретар на НАТО истекува на 30 септември 2022 година.

Централната банка на Норвешка одлучува за монетарната политика на земјата и го надгледува огромниот државен фонд на земјата, кој се смета за најголем во светот. Мандатот на гувернерот трае шест години.

Поврзани новости