Столтенберг го поздрави примирјето меѓу Хамас и Израел

by Fokus

Јенс Столтенберг од Скопје денеска го поздрави договорот за примирје меѓу Хамас и Израел, што ќе доведе до ослободување на дел од заложниците од двете завојувани страни. Тој порача дека тоа ќе доведе до пристигнување на хуманитарна помош за погодените места.

-Добро е што сме во Скопје. Со нетрпение чекам да се сретнам со останатите лидери на НАТО сојузниците од регионот. Ви благодаррам за вашата посветеност и придонес во Алијансата – рече Столтенберг во изјавата пред почетокот на неформалниот состанок на лидерите на НАТО сојузници во Скопје.

Покрај Столтенберг и македонскиот премиер Ковачевски, на состанокот присуствуваат и Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија, Зоран Миловановиќ, претседател на Хрватска, како и Милојко Спајиќ, претседател на Владата на Црна Гора.

Поврзани новости