Столтенберг доаѓа во Скопје

by fokus

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и Северноатлантскиот совет на 2 и 3 јуни ќе ја посетат Република Македонија.

Столтенберг и членовите на Советот за време на дводневниот престој во земјава ќе имаат средби со државниот врв во врска со процесот на пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.

Ова е прва посета на Столтенберг и високи претставници на НАТО на земјава по потпишувањето на протоколот за членство на Македонија во Алијансата, што досега го ратификуваа 13 од 29-те земји членки. По ратификацијата од страна на сите сојузници, земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО.

Поврзани новости