„Секоја испорака на кинеско оружје во Русија ќе биде историска грешка со сериозни и длабоки последици“ предупреди генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од пактот во Брисел.
„Засега не можеме да докажеме испораки за Русија од Кина, а набљудуваме многу внимателно“ – посочи Столтенберг
Тој ја предупреди и Белорусија да не интервенира директно во војната. Истакна дека првите напади врз Украина, на почетокот на минатата година, биле извршени токму од територијата на Белорусија.
„Ставот на НАТО е дека Украина ќе се приклучи на Алијансата, но има најмалку два услова – да остане суверена, демократска и независна земја, и откако војната ќе заврши и Украина победи, украинските вооружени сили да имаат интероперабилност со силите на сојузот“ објасни генералниот секретар на НАТО.