Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес изјави дека прекинатиот бунт на паравоената група „Вагнер“ за време на викендот ја покажа слабоста на руското раководство, како и размерите на стратешките грешки на Кремљ во водењето војна против Украина, пренесе Ројтерс.
„Настаните за време на викендот се внатрешно руско прашање и уште една демонстрација на големата стратешка грешка што ја направи претседателот Владимир Путин со неговата илегална анексија на Крим и војната против Украина“, изјави Столтенберг за време на посетата на Литванија.
Тој оцени дека овие настани се демонстрација на слабост.
„Тоа ја покажува кревкоста на рускиот режим, но не зависи од НАТО да интервенира во овие прашања, тоа е внатрешна работа на Русија“, рече тој.
Тој додаде дека тоа покажува и колку е тешко и опасно за рускиот претседател Владимир Путин да се потпира на платеници, „кои всушност се свртеа против него“.
Столтенберг рече дека НАТО ја следи ситуацијата во Белорусија и повторно ја осуди најавата на Москва за распоредување нуклеарно оружје.
„Не гледаме никакви индикации дека Русија се подготвува да користи нуклеарно оружје, но НАТО останува буден“, рече тој.
Столтенберг додаде дека НАТО може доволно силно да ги одврати нападите за да го зачува населението во се поопасниот свет.
NATO will change the status of the air force mission for the protection of the skies of the Baltic states to combat, Stoltenberg said. Previously, there was the status of the air police.
The so-called air police control the space above the Baltic states and are not considered a… pic.twitter.com/nWy4nddYVn
— Sprinter (@Sprinter99880) June 26, 2023