Столтенберг бара „вистински хуманитарни коридори“ во Украина

by fokus

Цивилите мора да можат да се евакуираат безбедно од Украина, ијзави Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Во Украина потребни се „вистински хуманитарни коридори кои се целосно почитувани“, изјави Столтенберг денеска на прес-конференција со претседателот на Летонија Егилс Левитс, пренесува ДПА.

Шефот на Алијансата изјави дека се „тотално неприфатливи“ извештаите за напади врз цивили во Украина.

„Нападот на цивили е воено злосторство“, изјави Столтенбер.

Поврзани новости