Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер, Зоран Заев, соопшти дека Алијансата обезбедила 60 респиратори и друга опрема во вредност од 1,4 милони евра како помош за јавното здравство на Северна Македонија и најави друга итна опрема за поддршка на земјава.
-НАТО е тука да им помогне на сојузниците и тимот на НАТО нема да дозволи здравствената криза да се претвори во безбедносна криза, рече Столтенберг, потсетувајќи дека, додека трае оваа криза, не исчезнуваат другите предизвици со кои се соочува Алијансата, како хибридните и сајбер нападите, меѓу другото.
Тој го увери Столтенберг дека Северна Македонија ќе продолжи да придонесува за глобалната и регионалната безбедност преку учество во мисиите и зголемување на одбранбениот буџет, постепено, за да ги постигне два отсто од БДП во следните три години, како и да се зголеми капацитетот на армијата, нејзините професионални стандарди и интероперабилноста со сојузниците на НАТО.
-Нашето членство во НАТО е добро за безбедноста на регионот, Балканот не е изолиран остров, нагласи премиерот Заев, и додаде дека Северна Македонија ќе биде промотер на регионалната соработка, економската и одбранбената, регионот, рече тој, може да има само полза од нашите евроинтеграции.
Oва е прва негова прва посета во странство во неговиот втор премиерски мандат.