161
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски по завршувањето на сезоната ќе се пресели на „Местаља“, во Валенсија, пишува шпански„АС“.
Медиумот тврди дека македонскиот репрезентативец веќе потпишал преддоговор со Валенсија.
Димитриевски има договор со Рајо Валјекано до крајот на актуелната сезона, а по тоа тој како слободен играч ќе се пресели во Валенсија.
Клубот од „Местаља“ со години има финансиски проблеми.
Трансферот на Димитриевски значи дека клубот ќе го напушти првиот голман, Грузиецот Мамардашвили.