652
Нова брилијантна партија на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски во дресот на шпански Рајо Валјекано.
Кумановецот беше најзаслужен што мадридскиот тим славеше на гостувањето против Кадиз со 0-1.
Димитриевски одбрани пенал во првото полувреме, потоа имаше и неколку сигурни интервенции во вториот дел, по што Рајо со гол во самиот финиш стигна до трите бода.
Столе беше избран како најдобар голман во идеалниот тим од 10. коло во Ла Лига, покрај играчи како Карвахал од Реал Мадрид, Хермосо и Гризман од Атлетико, Жоао Феликс од Барселона.