73
Репрезентативниот голман на Македонија, Столе Димитиревски од наредната сезона ќе го носи дресот на шпанскиот прволигаш Валенсија.
Бројни шпански медиуми и најпознатиот транфер-инсајдер, Фабрицио Романо, објавија дека голманот со Валенсија потпишал 4-годишен договор.
Димитриевски по шест сезони, како слободен играч ќе го напушти Рајо Ваљекано и од стадионот„Ваљехас“ ќе си замине како чувар на мрежата со најмногу одиграни натпревари во клупската историја.
Во последното коло, против Атлетик Билбао на домашен терен кумановецот по 192-ри пат ќе застане на голот на Рајо.