Стојовски доби отказ од Клиниката за гинекологија

by Fokus

Гинекологот Марјан Стојовски доби отказно решение на скопската Клиника за гинекологија потпишано од директорката Марија Хаџи-Лега. Решението за престанок на работниот однос, кое според документот му престанува на 4 октомври, 2016 година ги изненадило дел од вработените на клиниката, откако во понеделникот осамнало на огласната табла во болницата.

Во отказното решение се наведува дека именуваниот Стојовски со пресуда од скопскиот Апелационен суд му е изречена пресуда дека е виновен за кривично дело „примање поткуп“.

– Соогласно член 357 од Кривичниот законик со изречена казна затвор од две години, во која му е засметано и времето поминато во притвор. Исто така, изречена му е и казна – забрана за вршење  на дејност во трење од една година сметано од денот на правосилноста на одлуката, со тоа што времето поминато во притвор не се засметува во времето на нејзиното траење – се наведува во отказното решение.

14593420_10211127521289075_143858051_n

Тој се сметаше за еден од најдобрите гинеколози во клиниката. „Фокус“ го контактираше Стојовски, но тој не сакаше да даде изјава на темата.

И.М.

 

 

Поврзани новости