Една од најголемите предизвици со кои се соочуваме е состојбата на здравствениот систем во нашата земја. Официјалната статистика открива дека имаме само 270 лекари на 100,000 жители, што е за 22% под просекот на Европската Унија. Исто така, последните десет години губиме околу двеста лекари годишно, што е приближно ист на бројот на студенти кои завршуваат медицински факултети. Ова е сериозен проблем кој бара нашата реакција и акција, изјави Даниел Стојчевски, носител на кандидатската листа на ЗНАМ во ИЕ 2.
– Ние од Движењето ЗНАМ имаме мерки и политики кои ќе ги подобрат условите во здравствениот систем. Најпрво, ние ќе работиме на зголемување на бројот на лекари, со фокус на инвестирање во образованието и обука на нови лекари, како и со создавање на услови за задржување на постоечките. Исто така, ние ќе се обидеме да ги поттикнеме младите да се вклучат во медицинската професија преку програми за стипендии и обука – рече тој.
Стојчевски посочи дека конкретните мерки од програмите се зголемување на платите на докторите за 20 проценти, зголемување на платите на медицинските сестри и другиот медицински персонал за 50 проценти, бесплатен здравствен систем за сите граѓани на државата, креирање на здравствен систем кој ќе ги лекува пациетнтите и нема од нив да прави клиенти, еднаков пристап до здравствени услуги на сите граѓани по нивен избор, подобрување и реновирање на сите здравствени објекти во Македонија.
-Освен тоа, ќе се фокусираме на подобрување на здравствената инфраструктура и пристапот до здравствени услуги за сите граѓани, особено за оние во руралните области. Ја Споделуваме и вашата загриженост за ниските нивоа на наталитет и високата стапка на смртност, и затоа ќе се фокусираме на програми за здравствено образование – рече Стојчевски.