Антонио Стојчевски, претседател на Синдикатот на затворските чувари и администрација на КПУ „Идризово“, демантира дека осуденикот Игор Спасов избегал од затворот Идризово, па се вратил назад.
-Не е точно дека Спасов избегал од Идризово, изјави Стојчевски за „Фокус“.
На прашањето на „Фокус“ тогаш зошто Спасов е во самица, како што информираше директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ, тој појаснува дека осуденикот е во самица бидејќи направил инцидент во кругот на затворот, односно го нарушил куќниот ред.
Фокус се обиде да стапи во контакт со директорот на затворот, Антонио Димов, но тој не одговара на нашите телефонски повици. Стојановиќ пак ни изјави дека нема детали за случајот, бидејќи чека информации од инспекторите кои се во затворот.
Валентина Вурмо