764
Македонскиот фудбалски репрезентативец Влатко Стојановски се надева на успех на средбата со Косово. Тој вели дека сите негови соиграчи се подготвени за дуелот кој е последна пречка на патот кон Европското првенство.
„Од нас фудбалерите може да очекувате дека ќе го дадеме максимумот. Сите знаеме што значи овој натпревар, како за нас, така и за целата држава. Мислам дека ќе биде тешка средба, ама се надевам дека ќе го победиме Косово. Нивната игра добро ќе ја анализираме. Ќе се потрудиме со нашиот квалитет да ги нападнеме нивните слаби страни и на крајот да се радуваме на победа“, изјави напаѓачот Стојановски.
На 8 октомври на Националната арена „Тодор Проески“ македонските фудбалери се домаќини на косовската селекција во полуфиналето од плејофот во Лигата на нации.