Стојановски: Европската комисија да ни покаже дали навистина не сака во тоа друштво

by fokus

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека власта сега треба да каже кое од нивните две понудени сценарија го прифаќа, а ЕУ треба на дело да покаже дека ја сака Македонија во нивното друштво.

-Нашиот став е јасен, уставни измени под бугарски диктат нема да се поддржат и во изминатиот период, конкретно на лидерската средба, ние понудивме две решенија за кои веруваме дека ќе направат брз исчекор кон евроинтеграциите кои сега се закочени. Очекуваме владината коалиција да излезе и да каже кое од тие две сценарија го поддржуваат и од тој момент можеме да разговараме. Европската комисија треба да размисли и со некаков факт да ни покаже дали навистина не сакаат во тоа друштво. Последниот став на партијата е уставни измени со одложено дејство и влада, но без ДУИ, рече Стојановски.

Тој објасни дека првиот предлог е преодна влада без ДУИ и гласање на амандманите за уставните измени кои ќе стапат на сила кога Македонија ќе влезе во ЕУ. Предлогот број 2 е да се оди на предвремени избори на есен со барање на гаранции од ЕУ за македонскиот идентитет, спроведување на три пресуди на Стразбур за Македонците во Бугарија, како и барање за економски пакет од ЕУ.

Поврзани новости