410
На денешната расправатза годишниот Извештај за работата на Советот на јавни обвинители за 2021 година, пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, обраќајќи му се на јавниот обвинител Јовески рече дека очекуваат да дејствува по допрен глас за три, како што ги нарече, афери и скандали – ,,Броило”, ,,Тајни имоти” и ,,Паразити”.
– Државава ни е трула од криминал и корупција, а во извештајот велите дека сте биле успешни. Апел: да се заземете во вашата работа и да се зафатите за оние предмети кои ги пикавте по фиоки, а кои може се поништени од несреќни случаи, рече Стојановска потенцирајќи дека патот до ЕУ мора да го изодиме сами, но оти треба да почнеме да постапуваме строго по законот и Уставот.