Стојановска го искина францускиот предлог

by Fokus

Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за францускиот предлог вели дека ниеден документ нема да има легитимитет се додека не добие поддршка од народот.

Таа притоа го скина документот нарекувајќи го лажен и ништожен, по што побара пауза и доби аплауз од колегите од опозицијата.

Спикерот Талат Џафери даде еден час пауза,иако,како што рече, барањето било по погрешен член од деловникот.

Поврзани новости