Стојановска до Џафери: Ме третирате како забавувачка во кабаре, вие сте женомрзец

by Fokus

Ако сакаме да ја споредиме работата на претседателот на Собранието, тоа е една чаша со пиво кога ќе се преполни и ќе почне да претекува, објаснува пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска на седницата за интерпелација на собранискиот спикер Талат Џафери.

„Џафери се изживуваше со сите пратеници од опозицијата. За мене со потсмев им велеше на своите обожаватели да ме видат. Како да сме на излет во некоја планина или пак забавувачка во некое кабаре. Да го прогласиме Џафери за женомрзец“, вели Стојановска.

 

Поврзани новости