Стојаноски: СЈО потроши 4 милиони евра за политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

СЈО до сега потроши 4 милиони евра народни пари за политички прогон на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, и не дадоа соодветен извештај за кои потреби ги потрошија, а многу е веројатно дека огромен дел од овие средства не се потрошени во интерес на правдата туку единствено во партиски и непотистички цели, тврди Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека со овој буџет од 4 милиони евра, СЈО успеа да вдоми партиски војници од СДС, внуци и роднини.

„Пред неколку дена СЈО бесрамно отвори нов оглас за вработување на нови 30 лица. Повеќе од очигледно е дека овие 30 ново ангажирани партиски војници од СДС ќе продолжат со хајката против ВМРО-ДПМНЕ, но и уште 300 лица да вработат нема да можат да најдат докази за противправно однесување на било кој член на ВМРО-ДПМНЕ затоа што ние сме работеле по закон и во служба на народот“, рече Стојаноски.

Поврзани новости