Стојаноски: Општина Охрид има долг од 1,4 милиони денари

by fokus

Градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски, во емисијата ClikPlus на ТВ 21, изјави дека општината има долг од 1,4 милиони денари.

-Во моментов ги имаме изработено анализите за долгот на општината, како што ни бараше Министерството за Финансии. Во моментов финансискиот долг, нагласувам – финансискиот, изнесува околу 1,400.000 денари, кон сите доверители со кои Општина Охрид има работено. Сакам да нагласам дека од овој износ околу 600.000 се камати, а 200.000 денари се за извршни трошоци. Граѓаните ова треба да го знаат, изјавил Стојаноски.

Поврзани новости