Стојаноска за Груби: Тој е трансформиран урбан лик кој беше преведувач!

by Fokus

Артан Груби е трансформиран урбан лик полн со корупција, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, упатувајќи силни критики кон првиот вицепремиер во Владата.

Како што истакна таа, нејзината партија се уште не започнала борбата со корупцијата која ја започнал Груби.

„Тој е урбан лик, кој во почетокот на овој век беше преведувач во „жолтата куќа“ во Косово. Груби мисли дека со тие милиони кои ги поседува, ќе ја исчисти валканата совест и минато. Тие не можат да се надокнадат ни со милиони. ВМРО-ДПМНЕ уште ја нема започната борбата со корупцијата кој ја започна Груби“, рече Стојаноска.

Поврзани новости