Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното гостување на ТВ 24 рече дека ВМРО-ДПМНЕ не бега од избори, бидејќи кога и да се одржат, нејзината партија ќе победи.
-Единствено на Зоран Заев му одговараат брзи избори и тоа на 21 јуни. Зошто? За да не се соочи со револтот на граѓаните. Ќе го ризикува и нивното здравје само за да избегне од економската криза, па еве гледаме сега трет сет од мерки што се нуди. Повторно се популистички мерки. Зарем мисли Зоран Заев дека народот во Македонија ќе ги заборави сите негови нереализирани ветувања. И сега преку криза газејќи по лешеви сака избори. Но ВМРО-ДПМНЕ го става прво здравјето на граѓаните во прашање. Тоа е основната причина поради која ВМРО-ДПМНЕ не сака да оди на такви брзи избори кои што се единствено желба на Зоран Заев, рече Стојаноска.