414
Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, денеска упати силни критики кон Талат Џафери, откако претседателот на Собранието ја одби иницијативата за задолжителен референдум за укинување на Договорот со Бугарија.
Како што истакна таа, тој нема основ да ја отфрли и со тоа се прави правна гимнастика за бегство од народот.
„Талат, наместо чувар на Уставот, стана шампион во кршење на Уставот. Нема друг случај во светот, каде претседател на Собрание толкува Устав, затоа што тоа е единствено во надлежност на Уставниот суд. Не гледав причина зошто е одбиено рефередендумското прашање. Се работи за страв“, смета таа.