Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со граѓаните во тетовско Јегуновце им порача дека по 15 јули доаѓа проектот Обнова, програмата на 360 страници која рече дека е создавана заедно со луѓето низ Македонија поради нивните проблеми и потреби. За секого по нешто има во таа програма, рече тој.
-Се обврзуваме на најмaлку 25 проценти зголемување на минималните плати и пензии, се обврзуваме на најмалку 1000 километри реконструкција на патишта, се обврзуваме во земјоделството на најмалку 640 милиони евра субвенции загарантиран откуп во еден мандат. Се обврзуваме на 1000 политики и мерки, за вас и вашите блиски, истакна Мицкоски.
Пред жителите на Јегуновце се обрати и носителката на листата во шестата изборна единица, Дафина Стојаноска. Таа им забележа на политичките противници од СДСМ за навредите кон жените од ВМРО ДПМНЕ.
-Така силно ќе ве победиме што некоја од македонските жени ќе треба да ви смени пелените, онака од мајчински инстинкт, истакна Стојаноска.