Стојаноска: Можеби има симболика што бираме уставни судии на Спасовден

by fokus

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на почетокот на денешната седница на Комисијата за избори и именувања на чиј дневен ред е утврдувањето предлози за кандидати за уставни судии, рече дека можеби има симболика тоа што процедурата започнува денеска, на празникот Спасовден.

-Честитит празник и можеби има симболика што денеска парламентарното мнозинство се обидува да го откочи процесот, рече Стојановска.

Таа додаде дека опозицијата никогаш не го блокирала процесот за избор на нови уставни судии и се надева дека оваа 13-та седница на Комисијата нема да биде баксузна.

Поврзани новости