Стојаноска: Филипче вели дека има доволно тестирања, а пациенти умираат чекајќи резултати!

by Fokus

Состојбата со корона вирусот наметнува многу прашања, но и дилеми. И, наместо соодветно и навремено справување со ситуацијата, гледаме само задоцнети мерки. А, од самиот почеток, уште кога се појави првиот случај на корона вирусот во Македонија, кон крајот на февруари, ВМРО-ДПМНЕ излезе со конкретни мерки кои требаше да се преземат. Предложените мерки се презедоа, но со многу доцнење. А, за тоа цената е висока. Има жртви, а економијата тоне, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

„Македонија се наоѓа на дното на листите, според проценката за закрепнување од корона вирусот.

Меѓународната ФМ Глобал ја направи можеби првата проценка за тоа, како може да изгледа закрепнувањето на државите, откако вирусот ќе се повлече. Едноставно, процени кои се државите што ќе може полесно да дишат.

Анализирани се и има оценки за 130 земји. На врвот на листата се Данска и Норвешка или тие најбрзо ќе закрепнат.

Македонија е на дното. Таа се наоѓа на 100-тата позиција. Пред нас се сите земји во регионот, Хрватска е на 37-то место, Словенија на 42-то, Србија на 63-то и Босна и Херцеговина на 70-то место.

За појаснување, која земја како ќе закрепнува, се земаат предвид фактори како: политичка стабилност, корпоративно управување, ризик на животната средина, логистика на синџирот на снабдување и транспарентност.

Стигна првата потврда за она што го говори ВМРО-ДПМНЕ: дека ако не се преземат соодветни мерки и навремено, последиците ќе се големи. Сите во регионот економски ќе закрепуваат побрзо од нас. Свестете се, кај нас тешкото допрва претстои.

Деновиве сме сведоци и на несоодветен одговор и за медицинските теми.

И додека министерот за здравство, Венко Филипче вели дека дел од пациентите треба и може да се лекуваат во домашни услови, има случаи кога тие починуваат на пат до болница.

Филипче вели дека има доволно тестирања и резултати навреме, но има случаи кога пациенти умираат чекајќи резултати.

На забелешките пак дека прашањата од епидемиолошката анкета веќе се несоодветни, затоа што вирусот сега се пренесува локално, Филипче вели соодветни се.

И да, додека медицинските работници молат за помош, молат за соодветна и доволно опрема, министерот Филипче на средбата во Куманово секако, со соодветна маска. За останатите доволна е онаа хируршката маска која не штити доволно или е ефикасна кратко време, само час до два најмногу.

Медицинскиот кадар е десеткуван. Главниот удар допрва се очекува. Сега е време да се заштитат медицинските работници.

Сега е време да се преземат соодветни мерки за економијата. Македонија се наоѓа на дното на листите според проценката за закрепнување од корона вирусот.

Нема време за чекање!

Доста доцневте со мерките! Ако треба помош, ВМРО-ДПМНЕ е тука“, додава таа.

Поврзани новости