50
Носителката на листа во изборма единица 6 од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска со младите од Гостивар организира спортски настан во чест на лицата кои се во затвор по настаните во Собранието на 27 април.
„Со младите од Гостивар организиравме спортски настан во чест на Уставобранителите, браќата кои гнијат во затвор 7 години, заради неправдата која им ја нанесоа луѓето кои ветуваа правда и мир. Неправдата на Уставобранителите нека биде една од причините, заради кои треба да се казни актуелната власт. Време е за нивна правда и слобода! Време е Македонија да биде праведна кон сите луѓе! Време правдата да ја раздаваат чесни судии, а не политичари и корумпирани правораздавачи“ порача Стојаноска.