Стојанче Стоилов позитивен на ковид

by fokus

Македонската ракометна репрезентација вечерва против репрезентавија на Црна Гора на Европското првенство ќе игра без Стојанче Стоилов.

Кружниот напаѓач на Вардар имал позитивен тест на Ковид-19 и отпадна од комбинација за средбата од 18 часот, а најверојатно и за дуелот против Данска закажан за 17 јануари.

-Денеска за жал ќе играме без Стојанче Стоилов, кој на последното тестирање доби позитивен тест на Ковид-19, се надеваме Столе како еден од лидерите ќе биде во можност да се врати во составот за скоро време. Одиме на победа, соопшти ракометната репрезентација.

Ова е нов удар за националниот тим кој како што е познато пред самиот старт на шампионатот поради повреда го загуби капитенот Кирил Лазаров кој воедно е и наш селектор.

 

Поврзани новости