,,Во овој момент е многу важно со Грција и со Бугарија да постигнеме потрајни уредувања на нашите односи, за да се обезбеди безбедноста на идните генерации и да се отворат патиштата за инвестиции во нашата земја, за да има вработувања, а децата да останат во државава. Не треба да не збунува договорот со Бугарија, иако има провокативни изјави од угледни бугарски функционери, научници. Има и кај нас такво чувство кај некои луѓе, но мислам дека треба да има таков договор и тој да функционира. Тој договор е на неограничено време, но може да се откаже секогаш. Не е тоа нешто што не може да се запре, ако тргне на лошо’’ – порача Андов.
Стојан Андов, кој е роден во Кавадарци, е автор на повеќе книги од областа на економскиот и политичкиот систем и книжевноста. Промоцијата се одржа во рамки на „Кавадаречка културна есен”.