Стојан Андов: По обидот за атентат на Глигоров, Тито Петковски 15 дена никаде го немаше

by fokus

Стојан Андов во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека за посочувањето на Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски како одговорни за обидот за атентат на претседателот Киро Глигоров, тој има докази и документи. За Тито Петковски рече дека по обидот за атентатот, исчезнал и 15 дена никаде го немало.

-Јас работев еден проект кој почна во 2003 година, кога издадов книга „На мој начин“, и потоа сите точки од таму се разработени во следните книги. Јас имам впечаток дека Фрчкоски читал само извадоци, а книгата е 450 страни. Таму има и докази, наведени документи. Тие докази на пример, дека Глигоров добивал смртни закани. Нашите власти тогаш ниедна закана не расчистија, тоа е првата работа. Втората е дека една група со Црвенкоски и Фрчкоски барале оставка од Глигоров, што тој лично ми го имаше кажано. 15 дена по обидот за атентат, Тито Петковски го снема. Никаде го немаше, каде беше, што се случи? Во клучниот момент го снема. Треба да објасни. Јас мислам дека крајно време е Обвинителството да излезе и да каже со какви докази располага, рече Андов.

Поврзани новости