Среде Владата на Република Македонија, во својство на премиер на Република Македонија, Зоран Заев за грчкиот национален медиум се самоцензурира да не случајно изговори Македонија, да не го изговори името на државата, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес конференција на која ги повика граѓаните утре во 13 часот да се приклучат на протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.
-Ваквото однесување на Заев е срамно и антидржавно! За највисоките државни и национални интереси граѓаните да разбираат преку грчка национална телевизија, откако прво ќе го слушнат грчките државјани. Тоа е недостојно за премиер на Република Македонија. Дали тоа Зоран Заев се консултираше со неговите нови пријатели преку границата што да го праша македонскиот народ на референдум? „Дали сте за Европската Унија и за НАТО и за поддршка на договорот со Грција?“ Или „Дали сте за Европската унија и НАТО поддржувајќи го името Република Северна Македонија?“ Прашањата сами по себе се манипулација и ја поистоветуваат определбата за членство во ЕУ и во НАТО со срамниот договор што го прифати Заев, вели Стоилковски.