769
Зоран Заев не сака да добиеме датум за преговори со ЕУ затоа што мафијата му е помила, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на гостувањето на МРТВ.
-Ваквите чекори на оваа власт кон приближување до Европската унија нема да бидат возможни, ниту пак ќе може да изигрува судија, како што вели дека ги прегледал сите докази за Рашковски и човекот според него не бил крив, да вели дека нема поим, а да го опишува продуктот на Драги Рашковски, понатаму да ги пушта низ вода оние кои ќе му го загрозат личниот проект тој само да остане на власт, а за да може мафијата и понатаму да работи – вели Стоилковски.