Петти ден лажниот европски фронт нема разрешница за насилство со квалификација „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“, затоа што директно се инволвирани партиските банди. Петти ден изминува, никој нема одговорен за случајот. За ваков случај, за разлика од лажниот европски фронт, не е доволно само разрешување на директори, туку барање командна одговорност и лисици на раце за насилството во М-НАВ, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Кој нарачал насилство во Контролна кола? Кој дозволил насилство додека авиони кружат над Скопје? Кој е одговорен за изборот на обезбедувањето на стратешкиот објект? Чија е оваа агенција 2СС, под чија наредба работат и дали ќе дозволат вакви насилни партиски банди да влетуваат и во другите институции? За овие прашања, мора да се испита и одговорноста на ресорните министри од транспорт и врски до МВР, Бочварски и Спасовски“ порача Стоилковски.
„Ова не е `кошкање меѓу колеги` ова е `Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај` квалификација којашто постои во Законот. Бараме лажниот европски фронт да ги тргне рацете од правосудството. Случајот мора да има вистинска завршница. Ако не сега, тогаш ќе ја има по изборите“ дециден е Стоилковски.