351
Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Столиковски испрати силни критики кон владејачката СДСМ, поради како што изјави, повредата на избирачкото право во текот на вчерашниот референдумски ден.
„На сите им е јасно дека народот покажа исклучителна патриотска свест. Власта е целосно разголена во својата немоќ. Вчера имаше повреда на слободата на избирачите. Денеска ќе биде поднесена кривична пријава за масовно полнење на кутии. Станува збор за сомнеж на изборна кражба. Затоа е потребно да се направи вештачење на изборниот материјал. Јавното обвинителство за организиран криминал треба да спроведе истрага. Тоа значи дека се очекува да одговараат и сторителите и да се утврдат броевите од каде се агитираше“, додаде Стоилковски.