„Криминал, поткупи, трговија со правото и правдата, со еден збор беззаконие, тоа се условите во кои што Зоран Заев и оваа криминална власт знаат и посакуваат да функционира Република Македонија. Тоа е атмосферата, во која сакаат да мине и овој изборен циклус“, обвини Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Денеска продолжуваме со прес конференциите во кои објавуваме низа сомнителни огласи и тендери распишани од оваа власт во предизборен период.
Вчера објавивме за јавна набавка за сомнително времено ангажирање на 22 работници во УЈП, кој што завршува токму на денот пред почеток на кампањата, денеска, продолжуваме со ЈП Македонија пат Скопје.
И повторно ангажирање на 22 лица за времено вработување, во време од 12 месеци, оглас објавен на 19. Март, а се затвора на 16ти април! Среде кампања!
И повторно оваа власт посегнува по чувството за потребност на граѓаните, нивното чувство за работа, за потреба од работа, за корисност, на потребност во општеството, ветувајќи вработување во предизборен период. Односно на овој начин се правио поткуп во изборни цели.
Почитувани ова е срамно, срамно за една власт која што не ги вади европските вредности од уста, а секојдневно ги гази сите принципи на демократијата и на човековите права.
Криминалниот клан на Зоран Заев не размислува за вработувањата на граѓаните во период меѓу два изборни циклуси, туку само во предизборие. Меѓу двата циклуси, референдумскиот и сега претседателските избори, размислуваше, оваа власт беше преплавена од афери во јавноста за непотизам. Во тој период власт размислува за вдомување на своите најблиски, за вработување на мајки, сестри, деца, на фризерки, на функционери, на видни членови, на звучни презимиња од СДСМ.
На граѓаните и нивната потреба од работа размислуваат само во предизборие и тоа само од аспект на поткуп во изборни цели, играјќи си со надежта на граѓаните, на ангажираните дека ќе станат трајно вработени во замена за посакувано однесување на изборите. Внимавајте не се работи само за гласови на овие 22 ангажирани, или колку и да се бара во другите јавни претпријатија туку за целите нивни семејства!
Почитувани, Заев и кланот се во паника, знаат дека граѓаните повеќе не можат да ги трпат нивните самоволија, нивното антидржавно, расипничко и криминогено однесување, дека се прочитани и дека ја губат власта. Повторно како во кампањата пред референдумот ставаат се на една карта, ставаат се ОЛ ИН, се расфрлаат со буџетот во обид да го намалат неизбежниот изборен пораз.
Почитувани, Јавното Обвинителство не реагира, не реагираше ниту за однесувањата во предреферендумскиот период, а станува збор за настани од исклучителна важност за државата и за демократијата. И затоа мора да бидат испитани, и бараме од Антикорупциската комисија да ги испита овие случаи, доколку не ги испита верувајте ќе бидат испитани ќе бидат ревидирани и за нив ќе бидат покренати истраги и ќе одговараат они кои се одговорни.
Ќе повторам и денеска. Нема трговија со правото и правдата. Нема трговија со принципот за еднаквост пред законот. На Македонија насушно и е потребна правда и тие е на дофат. Заевиот клан знае дека му се одброени деновите, рече Стоилковски.