Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, денес обелодени, како што рече, низа скандалозни семејни вработувања на раководни позиции во Штип.
-Љупчо Трајковски е началник на СВР Штип, а неговата сопруга Снежана Трајковска е директорка на здравствениот дом во Штип. Брачниот пар Трајковски во Штип се познати како брат и снаа на човекот кого во Штип го сметаат за одговорен за пропаста на гигантот Македонка-Штип со над 6.000 вработени. Тони Атанасов е командир на противпожарната единица во Штип, а неговата сопруга Софка Атанасова е директорка на детска градинка во Штип. Јане Миланов е претседател на општина Штип, а неговата сопруга Љубица Миланова е поставена за главна сестра во штипската болница. Внуката, пак, на претседателот на општината, Милкица Санева е шеф на кабинетот на градоначалникот Благој Бочварски – рече Стоилковски.
Тој додаде дека квалитетните луѓе не можат да добијат шанса за вработување од децата и роднините на функционерите на власт.