406
„300 милиони евра, толку владата мора да исплати како аванс и како пенали само за март и април, според Договор за непочнати автопати. Со 300 милиони евра, државата може целосно да купи терапија Трикафта за сите пациенти со цистична фиброза, и тоа непречено, непрекинато за рок од следните 10 години“ рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој посочи дека „ако неполни 300.000 долари е годишно за еден болен, а во Македонија има околу 130 пациенти со цистична фиброза, значи само со парите, обврски по договорот од март до мај, за незапочната градба и без проект, со 300-те милиони евра аванс и пенали, 10 години би се обезбедил лек за животозагрозувачка болест за 130 лица“.