Стоилковски: Шилегов ја вреднува вилата во Маврово како стан

by fokus

Откако ВМРО-ДПМНЕ неколку дена го прозива скопскиот градоначалник Петре Шилегов за надградбата и реконструкцијата на семејната куќа во Скопје, денес партискиот портпарол Наум Стоилковски одржа прес-конференција пред вилата на Шилегов во Маврово.

-Ова зад мене е вилата, луксузната вила од над 300 квадрати, на два спрата, со луксузен двор, со луксузна летна кујна, со луксузна ограда правена од камен и со сите можни удобствија направени и земени за само една година чиновничка плата на Петре Шилегов како градоначалник на Скопје. И овој луксуз, овие 300 луксузни квадрати на Маврово, Петре Шилегов ги прикажува како платени. односно со вредност од 55.000 евра. Овој цел луксуз Петре Шилегов го пријавува колку еден стан од 40-тина квадрати во центарот на Скопје – рече Стоилковски.

Воедно, тој додаде дека за неполни три години од стапувањето на градоначалничката функција, Шилегов започнал со градба на, како што вели, семејна зграда во Скопје, која, според него,е  е дивоградба.

-Ако ова сето не раѓа сомнеж за потеклото на имот на Петре Шилегов, кој што во својот мандат успеал со градоначалничка плата да создаде ова богатство и да изгради уште едно богатство семејна зграда во центарот на Карпош и тоа без документи, тогаш веројатно е нешто многу згрешено во овој систем кој што не функционира – истакна Стоилковски.

Поврзани новости