Стоилковски: Парцелата кај Треска е продадена за 1.600.000 евра помалку

by Fokus

Петре Шилегов продолжува со молчењето за лагите за езерото Треска, документите говорат сами за себе!, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еве го ценовникот, на него стои дека цените почнуваат да важат од 01.02.2017 година. КП Глумово, местото продадени и почнато со продажба со по едно евро, а наплатено 72 денари за 1м2. Реалната вредност изнесува 1.200 денари за еден метар. Ова е крајот на тој документ кој што е објавен на страницата на Град Скопје, и тука стојат имињата на сите проценувачи на Град Скопје. 141 парцела, вкупна градежна површина од 85.310 квадратни метри кај Езеро Треска се продавани за по едно евро!, рече Стоилковски.

Тој вели дека според проценителите на Град Скопје, вредноста на тоа метро е 20 евра, а продавано е за едно евро според тоа реалната вредност за целото продадено земјиште изнесува најмалку 1.700.000 евра, а аместо тоа продадено е за 98.500 евра.

Целото градежно земјиште околу езерото Треска е продадено колку еден стан во центарот на Скопје. И данокот платен во Град Скопје за трансакцијата, потврден од градоначалник на Град Скопје, сектор за финансиски прашања потврдува дека даночниот обврзник тој и тој ги платил даночните обврски по однос на данок на промет на недвижности во износ 204.723 денари, на ден 11 јули 2019-та година, Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје наплатува данок од 204.723 денари односно 3.300 евра за парцела од 85.310 м2. Тие пари почитувани, уплатени во данокот ги делат Град Скопје и Општина Сарај, вели Стоилковски.

Според него реалниот данок, доколку продажбата била според проценетата вредност на земјиштето, градежното земјиште од проценителите, потпишани сите на документот објавен на порталот на Град Скопје со важност од 2017-тата година по цена од реална од 1.700.000 евра данокот би изнесувал би изнесувал цели 51.000 евра!

-51.000 за Скопје и за Сарај, наместо овие 3.300 евра што ќе ги делат Скопје и Сарај!Имајте го ова предвид додека отпишуваат долгови на општините од државниот Буџет, имајте го ова во предвид додека се задолжуваат за отпис на долгови, а државата е во рецесија, имајте го ова во предвид додека наместо аеродроми, со парите од ТАВ се асфалтираат сокачиња низ маала, случајно предизборно за гласови повторно истите ликови.Нема поголема штета од градоначалниците од СДСМ за било која општина за Македонија. И повторно ви ги нудат на послужавник и Шилегов и неговите ортаци, со старите лаги!, вели Стоилковски.

 

 

Поврзани новости