Откако министерот за надворешни работи Бујар Османи преку цртање на табла се обиде сликовито да објасни што предвидува преговарачката рамка и како тече пристапниот процес во ЕУ, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денес го повика повторно да земе креда и да одговори на повеќе прашања.
-Во кој кластер за ЕУ е претприемачки дух на Дрин Ахмети без денар пола Соравиа да ја добие? Во кој кластер за ЕУ е изборот на Абази во обвинителство, жена му во АЕК, додека Али му седи на глава? Во кој кластер за ЕУ се Хотелот на Шапка, дуќанот во Скопје и луксузното ауди на Груби? Во кој кластер за ЕУ е кабелот за тетовската болница? Во кој кластер е лагата за лекот Трикафта, во кој кластер се душите на 45-те изгорени во автобусот Беса Транс? Во кој кластер за ЕУ се кривичните за Рамиз Мерко, директорката му со средно во Струга, и докторот што ја остави жената без органи? – праша Стоилковски.
Воедно, тој додаде дека уставни измени нема да има и, како што рече, само избори се спасот.