Стоилковски: Нема ништо полошо од СДСМ за цела држава!

by Fokus

На паркингот кај ГТЦ ќе никнат објекти, згради, а не парк или било што ветуваа и излажаа од СДСМ. Ќе потсетам на изјавата на еден од идеолозите на СДСМ, пренесена на четврти декември 2018-тата година, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Град Скопје може веднаш да го смени генералниот урбанистички план, доколку има волја за тоа“, вели универзитетскиот професор и архитект Мирослав Грчев, по иницијативите во јавноста земјиштето спроти ГТЦ да се пренамени од згради во парк. Според него, висококатниците се вцртани на незаконски начин и треба да бидат избришани бидејќи просторот е од огромно суштинско и историско значење за градот – затворен цитат од пласирана вест на медиумите од четврти декември 2018-та година од идеологот на СДСМ, архитектот Мирослав Грчев.

Одиме понатаму, изјава на Благој Бочварски, министер за транспорт и врски од СДСМ.

„Доколку се работи на суспензија на цел план, има можност за суспензија од 12 месеци додека се донесе нов план. Доколку се работи на суспензија на само еден дел од тој план тогаш има можност за шест месеци да биде суспендиран тој план и во тие шест месеци да се донесе промената која што би била адекватно и соодветно за таа матична општина“, министер од СДСМ за транспорт и врски Благој Бочварски.

Имаа цели три години да го направат сето тоа што го ветуваа за овој ДУП. Ништо не направија, само ја замајуваа јавноста. И за тоа цената ќе ја платат на изборите. СДСМ ветуваа парк тука на ова место и ги излажаа скопјани, ќе се градат облакодери!

Ниту Центар, ниту Скопје, ниту Македонија, нема ништо полошо од СДСМ за цела држава, додаде Стоилковски.

Поврзани новости