Стоилковски: Како се вади лажна документација за канцер на Онкологија

by Fokus

Криминалот на штета на пациентите кои се лекувале на Клиниката за онкологија, според опозициската ВМРО-ДПМНЕ почнал кога владејачката СДСМ ја презеде власта и става свој директор во оваа здравствена установа. Ова го изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во соопштение до јавноста.

-Онкологија поседува КАТО систем од 2016-та година и има обучен персонал за него. Систем вреден тогаш 350.000 евра. 2017-та година, СДСМ ја презема власта, го поставува својот Нино Васев за директор, а тој го укинува, исклучува, затвора системот, според медиумите, ќе заштедел на ќеси!?, изјави Стоилковски.

Според него оттогаш почнува криминалот на штета на пациентите, со допишување фиктивни пациенти, продажба на лекови.

-Криминалот е толкав што директор на Клиниката вади документ со лажна дијагноза – за рак на бели дробови на име на мајката. Па, како се вади лажна документација за канцер? Колку такви пациенти се запишани? Што се се случува на Онкологија?, прашува Стоилковски.

Според него доколку КАТО системот бил во функција немало да може да се краде терапијата од пациентите и да се препродава.

– КАТО системот ги чува цитостатиците, ги дозира онколошките терапии за секој пациент посебно, без шанса да се манипулира со дозите и терапиите, секој цитостатик го искористува до максимум и подготвен останува во фрижидерот стабилен за употреба дури до 28 дена, посочуваат познавачите. Дозирањето е  прецизно и безбедно, без загуби, без токсични труења на медицинскиот персонал!, изјави Стоилковски.

Тој смета дека на власта не и е гајле за пациентите о дека гледаат да се спасат од одговорност и и дека бегајќи од одговорност имаат отворена можност да вршат влијание врз истрагата и оформувањето на предмет со вистинска содржина.

-Значи шест години КАТО е исклучен, со години се укажува на криминалот, има случаи на фатени кражби и продажби, се менуваат директори, ама никој – баш никој, ниту владата, ниту министер, ниту доктор, ниту обвинителство, не прашува зошто КАТО системот стои исклучен кога е купен, и не се враќа системот во употреба!?И сега откако грозоморието со трговија со животи на Онкологија излезе во јавност, на министер за здравство му текна дека има систем што спречува крадење, па ќе се обидел да го вклучи!? И потоа шета меѓу пациентите дека сега, ама сега, се било во ред!?, изјави Стоилковски.

Поврзани новости