Артан Груби признава дека по штетниот договор потпишан од крими владата на ДУИ и СДС, ќе се плаќаат пенали во вредност од 100-тици милиони евра, реагира денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тоа што Артан Груби се восхитува Александар Вучиќ и на Република Србија, не му дава за право да менува факти, да манипулира и да лаже. Прво, Србија распиша тендер за автопат за којшто ги споредува Груби двата договори, и овозможи експропријација и т.н. „брза трака“ за документи. Но, не и промена на закони спротивно на Устав, не изедначува на легалното со дивоградбите, нема газење врз археолошки локалитети, и секако НЕ СО ПЕНАЛИ од над 100-тици милиони евра! И секако, со позната траса, со познат проект, без газење на законите за урбанизам и за градење!
Автопат во Србија, 112 км, широк 30 метри, со 139 објекти на него, 84 моста, 26 надвозници, 3 подвозници, 10 раскрсници познати како петљи, по три одморалишта и паркинзи. Но и регулација на реката Морава и нејзините притоки, и изградба на телекомуникации по самиот автопат.
Сето тоа, по 7 милиони евра по километар во Србија, а во договорот на Груби по 20 милиони евра за Македонија со многу помалку ставки!Толку од споредбата со Србија, идеалот на Артан Груби!, вели Стоилковски.