Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковки повторно побара одговорност од ДУИ и СДСМ за хаосот што се случува на Хирургија. Според него, Министерството за здравство и Јавното обвинителство си ја префрлаат одговорноста.
По една недела затворени хируршки сали заради мири и нефункционален систем за компримиран воздух тој прашува дали е ист системот за компримиран воздух што ги снабдува операциските сали и што ги снабдува кома центарот и КАРИЛ на истата Клиника, дали Кома центарот и КАРИЛ функционираат и дали пациенти се приклучени на истиот систем за воздух, заради кој пак систем се затворени салите за операции на Трауматологија и ако системот за компримираниот воздух се користи за пациентите во Кома центарот и КАРИЛ, зошто не би бил добар за операциските сали, и обратно- ако салите се затворени заради системот за воздух, зошто работи кај пациенти во Кома центарот и КАРИЛ?
-Дали причината за затворање на салите навистина е системот за воздух и климатизацијата, за што цела недела нема зафат за надминување на проблемот или се работи за сосема нешто друго? Дали тоа друго можеби е појава на бактеријата МРСА? Дали има вонредна контрола за хигиена на одделот Траума? Дали брисевите од салите се негативни? Колку е зголемена инфекцијата на оперирани пациенти? Дали има интрахоспитални инфекции кај секој втор пациент на оваа Клиника? Зошто истовремено со ЈО, Здравството не отпочне со решавање на проблемот?, праша Стоилковски.