Стоилковски: Дали Лукаревска напредува поради долгот на Заеви?

by fokus

Фирми на Зоран и Вице Заеви должат еден милион и 220.000 евра данок кон државата, објави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– И наместо да служат за пример за другите, на оваа листа, на листата на неплаќачи на данок се и фирмите на Заеви. На 47 место на оваа листа е  „Дравас Инженеринг“ ДОО Струмица, со вкупно ненаплатен данок од 41 милион 325.000 денари, а на 55 место е познатата „Сара инженеринг“ ДОО Струмица со 33 милиони 812.000 ненаплатени денари. Или вкупно над 75 милиони денари. Внимавајте, семејните фирми на премиерот, кој што ја задолжува државата, не плаќа данок и ги има на листата на должници кон УЈП со над еден милион и двесте илјади евра! – рече Стоилковски.

Во таква ситуација, посочи тој, директорката на УЈП Сања Лукаревска е унапредена во заменик-претседател на СДСМ.

-Сања Лукаревска, станува десна рака на Заев во СДСМ! Сања Лукаревска е унапредена во раководството кое што предлага зголемување на даноците кон граѓаните! Внимавајте, Лукаревска од УЈП, каде Заеви должат за данок преку еден милион и 200 илјади евра, преку СДСМ најавува повисоки даноци за граѓаните! Оттука главното прашање е дали Лукаревска партиски напредува заради долгот на заевите фирми кон државата од еден милион и 220 илјади евра – рече портпаролот на ДПМНЕ.

Поврзани новости