Дали причините заради кои што Костадин Костадинов манипулира и лаже на прес конференциите за случајот „Рекет“ е содржината на еден од телефоните на осомничените, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, откако претходно сдсмовскиот гласноговорник побара лидерот на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да одговори дали се гледал со Никола Груевски, со новинарот од Италија што ги објавува снимките поврзани со случајот „Рекет“, како и со еден од осомничените Зоран Милески – Кичеец?
-Дали во еден од телефоните кои што се форензичат има инкриминирачки пораки и фотографии од Костадинов? Дали Костадинов лаже на прес конференции затоа што се плаши од содржините во телефонот на еден од осомничените, а се со неморална и срамна содржина? Дали затоа Костадинов ниту еднаш не повика, не побара за побрзо вештачење и побрзо расчистување на истрагата? Од што точно се плаши Костадинов кој што често беше фотографиран во друштво на еден од осомничените? За нивната блискост и соработка сведочи и фактот што Костадинов е прогласен за Почесен член на владината невладина токму на еден од осомничените во „Рекет“. Дали телефонот на осомничениот крие лични тајни заради кои сега Костадинов на дневна основа панично манипулира со јавноста? – праша Стоилковски.