Стоилковски бара од ЈО да реагира за набавката на две машини во Ѓорче Петров

by Fokus

Злоупотреба на службена должност се прави со постапување, но и со непостапување. Јавното обвинителство има должност да постапува по допрен глас излезен во јавноста, во медиумите или од политичките партии, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Фактите се непобитни, фатени се живи! Постои предумисла и намера во Ѓорче Петров да се направи набавка по екстремно висока нереална цена, 25.500 евра за две машини за перење. Набавката е распишана од градинката Росица водена од кадар на градоначалникот од СДСМ, Александар Наумоски.

Намерата е јасна- распишан е тендер, траел 15 дена, пристигнале две понуди од кои едната нецелосна, прифатена е понудата и потпишан е договор!

Паничната реакција од Општината водена од Александар Наумоски, во којашто тој се оградува од набавката и објавува дека таа нема да се реализира, односно најавува поништување на договорот- се доволен индикатор за сомнеж за ова ЈО зад мене да преземе мерки“, додаде тој.

Поврзани новости