Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска обвини дека градоначалничката Данела Арсовска бара 11 милиони денари за прес конференции и приватна продукција за медиумски активности.
„Данела Арсовска, како и нејзиниот секретар, коишто бегаа од новинари и од одговори за сиот хаос, сега бараат 11 милиони денари за организирање на прес конференции и промо видеа, а според предлог програмата од Данела Арсовска, за милион денари ќе правеле и информативно гласило, а после ќе го закачеле на страницата на интернет и ќе го споделеле на Фејсбук! Арсовска бара 11 милиони денари за да периодично истражува приоритети за јавните претпријатија, ама и за Развој на креативен концепт и стратегија за комуникација со граѓаните! За јавните претпријатија како ЈСП кои што тонат во долгови, рече Стоилковски.