832
Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, во изјава за српскиот јавен сервис РТС изјави дека поголемиот процент на Србите во Македонија ќе го бојкотираат референдумот.
-Нашата одлука е да не учествуваме во прашања кои се однесуваат исклучиво на македонскиот народ. Ние немаме намера да бидеме кумови во овој политички процес. Претставниците на Српската Заедница во Македонија со големо мнозинство од 73% ќе го бојкотираат референдумот – посочи Стоиљковиќ.