Пратениците Павле Богоевски и Иван Стоиљковиќ во вечерашното гостување во тв дуелот „Само Вистина“ ги спротивставија ставовите за референудмот.
За пратеникот Стоиљковиќ и претседател на ДПСМ која партија е во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, референдумот не постои и ќе се однесувал како да не постои. Стоиљковиќ ги повика своите членови и симпатизери да биле внимателни поради притисоци од една и од друга страна и да внимавале на своите работни места. Тој смета дека Договорот со Грција е дел од трите работи кои имале за цел да создадат хибридна нација а тоа биле, Тиранската платформа, Договорот со Грција и Договорот со Бугарија.
Богоевски рече дека тој ќе излезе ќе гласа и дека прави се Референдумот да успее и на него да излезат и да гласаат се повеќе луѓе.